Пред да започнеме, имаме неколку прашања за вас:
- Кој е обучен за намалување на ризици од катастрофи во вашето училиште / градинка?
- Што да направите во случај на пожар?
- Која е постапката за заштита и самозаштита при земјотрес?
- Каде се кутиите/сетовите за прва помош?
- Што треба да се направи кога некое лице ќе изгуби свест?
- Кога последен пат присуствувавте на курс за прва помош?
- Дали можете да дадете психосоцијална поддршка на учениците/децата кои се опоравуваат од катастрофа?
Не можете да одговорите на сите прашања? Поради оваа причина, препорачуваме да го оцените нивото на безбедност на вашето училиште / градинка што е можно попрецизно со користење на достапен материјал на оваа платформа што може да ви помогне.
Ако по бесплатната регистрација го пополните „Прашалник за вашето училиште / градинка“ и го зачувате/испратите, успешно го завршивте Ниво 1.